Емануел Паликариус „А Р И E В Ц И“ & „С Е М И Т И“ I. АРИЕВСКА РАСА (ИНДОЕВРОПЕЈЦИ) Под овој збор ги подразбираме сите народи коишто ги зборуваат т.н. индоевропски (или евроиндиски?) јазици
како што се: а) индиски (стари: ведски, зенд и санскрит; средни: пали и пракрит; современи: хинду, бенгалски, кашмирски, асамски, сингалски, урду и др); б) ирански (староперсиски, вавилонски и авеститски; пехлев; персиски, курдски, авганистански, осетски и сл.); в) коине (старомакедонски кои се смета дека потекнува од Фригискиот); г) ерменски; д) финоагарски (фински, лапонски, естонски и унгарски); ѓ) баскиски; е) ерменски; ж) латински т.е. романски (италијански, француски, шпански, португалски, романски, каталонски, провансалски и др.); з) келтски (ирски, галски, бретонски); y) германски (англиски, холандски, дански, немачки, норвешки, шведски и др.); и) балтички (литвански, летонски и старопруски); ј) словенски (јужнословенски: македонски, српски, хрватски, бугарски, словенечки; западнословенски: чешки, полски, словачки, лужичкосрпски, кашупски; источнословенски: руски, белоруски и украински); к) грчки и л) албански. Официјалните историски податоци велат (иако има и други научни спротивставени мислења кои ќе ги претставиме во некои од наредните броеви) дека примитивните Индоевропејци живееле во подрачјата што се граничеле со Црното и Каспиското Море. Оттаму тие во бранови почнале да мигрираат т.е. да скитаат и да се преселуваат: кон исток (денешен Иран и Индија = Миќаните, Персијците, Индусите, Арменците); кон југозапад (Македонија, Грција, Италија и Шпанија = Антички Македонци, Елини, Илири, Тракијци, Келти, Гали, Етрурци, Латини, Тесалијци); кон запад (Централна Евопа, Франција и Велика Британија = скоро сите денешни европски народи, со исклучок на Турците, Финците, Естонците, Маxарите, Лапонците и Ескимите); кон северозапад (Скандинавија) и кон север (Источна Европа и Русија). Каде и да оделе тие постепено се асимилирале со локалните култури, задржувајќи сепак одредени свои заеднички белези. Културата на Индоеропјаните најмногу била под влијание на нивните верувања во многу божества - политеизам. Имињата на боговите и голем дел од религиозната терминологија се повторуваат низ целото аријско подрачје. Како пример би го издвоил следниов: небесниот бог на древните Индуси се викал ДИУС којшто на санскритскиот јазик значи “небо, ден”; врховниот бог на нашите претци - древните Македонци се викал ЅЕУС што на старомакедонскиот (коине) јазик значи “светло; секавица; гром(овник)” а подоцна нашите јужни соседи Елините (Хелени или Грци) ова име го презеле од нас, како што сториле и со многу други работи од нашата исконска култура, и го прекрстиле во ЗЕВС; На латински зборот deus значи бог, а врховно божество кај Римјаните бил ЈУПИТЕР (етимолошки доаѓа од зборовите iov = небо и pater = татко и во буквален превод значи „Татко на небото/ Небесен Отец”); На старонорвешкиот јазик овој бог се викал ТИР. Така не е тешко да се заклучи дека овие имиња на божества се всушност дијалектни веријанти на еден ист збор (праоснова). Постојат различни називи за зборот БОГ: старите Викинзи боговите ги нарекувале Асер; на санскрит тие се викале Асура, а на персиски Ахура. Друг персиски збор за БОЖЕСТВО е Даева; на санскрит Дева (пр. денес Дева Марија кај Христијаните); на латински Деус; на старонорвешки Тивур. Викинзите верувале во посебна група богови на плодноста кои се нарекувале со заедничко име Ванер, што пак е многу слично со латинското име за божицата на плодноста Venerius (денес Венера); а на санскрит има сличен збор вани што значи „желба; копнеж; чемреење” (посакување т.е. чекање дете, принова, новороденче). Меѓу различните култури кои се издвоиле од Индоевропската цивилизација можеме да видиме јасна сличност во нивниот фолклор (митови; легенди; приказни; песни). Пример приказните за бесмртните богови, волшебните напивки, борбите против разни чудивишта - киклопи, вештерки, маѓесници, змејови и сл. (еповите Махабхарата; Рамајана; Илијада; Одисеја; Енеида и други). Исто така овие култури имаат и сличен начин на мислење. Типична сличност е модалитетите на коишто се гледа и поима т.е. сфаќа светот како драма во којашто силите на Доброто (богови, ангели, светци, маченици, затитници, јунаци, херои, врачеви) и Злото (ѓаволи, вампири, духови, самовили, демони, сеништа) се судираат во немилосрдна и континуирана борба за којашто често во народните преданија се „предвидува” како ќе заврши. Индиската, древномакедонската и старонорвешката митологија очигледно се наклонети на шпекулативниот поглед на свет (т.н. филозофско-спекулативен метод). Овие луѓе сакале и барале (У)ВИД во историјата на светот. Дури можеме да најдеме и посебен збор за увид: на санскрит е Vidua што значи сознание; на коине (јазикот на древните Македонци) е Idea - поглед; поим, претстава, гледиште, а на латински Video - гледање, сфаќање. Норвешкиот јазик, пак, го има зборот витен којшто очигледно е дека има ист корен. Значи се на се можеме да констатираме дека видот бил најважното сетило кај Индоевропејците („визијата” како медиум за комуницирање и претскажување). Литературата на древните народи (Хиндуси, Македонци, Персијци и Тевтонци) исто така се карактеризира со големи космички визии. Исто така за оваа стара цувилизација било значајно тоа што се сликале слики и се изработувале скулптури на боговите и митолошките настани. Следна карактеристика е тоа што Индоевропејците имале цикличен поглед на историјата. Тоа е всушност верување дека историјата се движи во кругови, нешто слично како и годишните времиња. Затоа, според нив, не постои ниту почеток ниту крај на историјата, туку постојат различни цивилизации што се развиваат и пропаѓаат (како вечното заемно дејство меѓу раѓањето и смртта). И најпосле и обете источни религии (хиндуизмот и будизмот) имаат индоевропско потекло, како и античката филозофска мисла од Древното Македонско Царство. Дури и до денешни дни овие религии се во многу нешта исполнети со филозофски размисли. Во нив неретко го наоѓаме елементот на пантеизам (дека божественото е присутно во сите нешта), како и тоа дека човекот може да стане едно со Бог преку религиозен увид (про-видение). За да се постигне сето тоа потребно е практикување на себеопштење (или попознато како медитација). Затоа на Истокот пасивноста и осаменоста се сеуште религиозни идеали. На територијата на Древна Македонија, којашто е колевка на европската цивилизација, исто така постоеле многу луѓе (а подоцна во Средниот век тоа биле пештерските монаси) коишто верувале во аскетизмот или религиозно осаменичкиот начин на живеење заради спасение на душата. Исто така трансмиграцијата на душата (или циклусот на повторно раѓање) е фундаментално верување во многу индо-европски култури се до наши дни. Крајната цел за секој Хинду верник била ослободување од циклусот на повторни раѓања и умирања (реинкарнација). Платон исто така верувал во пренос на душата. II. С Е М И Т И Тие, за разлика од Ариевците, припаѓаат на сосема поинаква култура и цивилизација. Името им потекнува од личното име СЕМ кој бил најстариот од сите Ноеви синови и кои се смета за прататко на Семитите – народи сродни по јазикот и антрополошките особини кои го неселуваат Блискиот и Средниот Исток, дел од Средна Азија и Северна и Североисточна Африка. Во етнолошки поглед ги опфаќаат следниве народи од Стариот век: Вавилонци (или Акаѓани); Асирци; Сумери; Халдејци; Арамејци (или Евреи); Феничани; Картагинци; Канани (Моабити, Амори и др.). Во модерниов свет во Семити ги вбројуваме: Арапите (Арабјаните); Евреите; Сиријците; дел од Етиопјаните (Амхари и др.) и ги има над 60 милиони. Потекнуваат од Арабискиот Полуостров кој се смета за нивна прататковина, но и тие мигрирале во разни делови на светот (по Месопотамија - Персија, долината на реката Нил, Средоземјето и многу други земји) па многу се измешале со други народи во етничка смисла, а особено со Хамиќаните (како на пример во Египет, Алжир, Тунис, Мароко, Либија и сл.). Семитската група јазици ја сочинуваат: СЕВЕРНИ = бабилонско-асирски, феникиски, хебрејски, арамејски, сириски; ЈУЖНИ = арапски и етиопски. Карактеристично за сите овие јазици е тоа што согласките т.е.консонантите во основа служат за означување на поимите и значењата, а пак самогласките т.е. вокалите за нијансите и деталите на тие поими. Писмото на семитските јазици во принцип е консонантско писмо затоа што кратките вокали не се пишуваат туку само се додаваат односно читаат, што е и главната тешкотија при нивното учење. На пример: во арапскиот јазик зборот „КТБ“ значи “пишување“, а ако се додаде буквата „а“ (метод т.е. техника на вокализација) = КаТаБа би значело „тој е напишан“! Всушност, сите три „Западни еднобожни религии“ = ЈУДАИЗМОТ + ХРИСТИЈАНСТВОТО + ИСЛАМОТ имаат семитска заднина. Интересен е податокот дека Коранот и Стариот Завет од Светото Писмо (Библијата) биле напишани на јазик од семитската група на јазици. Еден од зборовите за „Бог“ во Стариот Завет има ист етимолошки корен како и муслиманскиот збор „Алах“ (којшто едноставно во превод значи Бог). Христијанството има семитска заднина, но проблемот станува посложен затоа што Новиот Завет е напишан на старогрчки јазик, а исто така подоцна врз него свое влијание има и латинскиот. За разлика од Индоевропејците за Семитите е карактеристично тоа што уште од најрами времиња тие верувале само во еден единствен БОГ (монотеизам). Друг заеднички белег на Семитите им било тоа што имале линеарно гледиште за историјата. Со други зборови, тие сметале дека историјата е линија којашто продолжува. На самиот Почеток Бог го создал светот и тоа всушност било почеток на целокупната историја. Но, еден ден историјата ке заврши и тоа ќе биде т.н. Суден ден – кога живиот Бог ќе им суди на живите но, и на мртвите. Постои верување дека Бог повремено се вмешува во текот на историјата (па дури и дека историјата всушност постои за да може Бог да ја покаже својата Волја во овоземскиот свет). На истиот начин како што еднаш го одвел Авраам во „Ветената земја“ така ги води чекорите на човештвото низ историјата кон Судниот Ден, а кога ќе дојде тој ден сето зло во светот ќе биде уништено. Затоа Семитит биле преокупирани со бележење на историските настани илјадници години, и тие историски белешки и корени ја сочинуваат срцевината на нивните Свети Писма. Дури и до ден денешен градот Ерусалим (што во превод значи Градот на слободата или Слободен Град) е значаен религиозен центар односно се смета за Свет град за јудаистите, христијаните и муслиманите. Во него се наоѓаат истакнати Божји храмови и тоа: Синагоги (Евреите), Цркви (Христијаните) и Џамии (Муслиманите). Затоа е и толку трагично што токму овој град стана јаболко на раздорот - со луѓе што се убиваат деноноќно затоа што не можат да се согласат за тоа кој да ја има превласта во овој „Вечен Град“. За разлика од Ариевците за кои најважното човечко сетило бил видот, за Семитите бил важен осетот/сетилото за слух: не случајно еврејската вера почнува дословно со зборовите ...„Слушни, о Израиле!!!“. Во целиот Стар Завет читаме како луѓето го „слушале“ Зборот Божји, а еврејските пророци обично своите проповеди ги почнувале со ... „така говореше Јахве.“ И во христијанските и муслиманските религиозни церемонии доминира пеењето и читањето на глас (или „рецитирањето“). Спротивно на Ариевците кои правеле сликовни претстави на своите богови, карактеристично за Семитите е тоа дека тие никогаш не создавеле сакрални скулптури, слики или цртежи на Божественото. Стариот Завет заповеда: ... не прави слики и идоли на она што е горе на Небото и што е долу на Земјата, не им се клањај и не им служи оти еден е твојот Бог на кој треба да му се поклонуваш“. А, пак, во рамките на исламот дури постои и една општа аверзија кон фотографиите и уметноста зашто луѓето не би требало да се натпреваруваат со Бога во создавањето на нештата (затоа и џамиите се украсени со разни шари наречени арабески). Спротивно на ова денес доминираат многу икони (слики на светци и маченици) во христијанските цркви, што само го потврдува ставот дека врз оваа религија големо влијание имала старомакедонската и хеленскта култура. Како што христијанството полека навлегува во македонско-хеленско-римскиот свет стануваме сведоци на драматичната средба на две култури и на најголемата културна револуција во историјата воопшто (зборот „Христос“ е само грчки превот на хебрејскиот збор „Месија“ – Помазаник т.е. Спасител). Интересно е тоа што и денес во Руската Православна Црква сеуште се забранети т.н. „гравен-слики“ (релјефи) или скулптури со распнувањето на Крстот на Спасителот. И на крајот, за разлика од Источните религии, триве Западни религии нагласуваат дека постои растојние меѓу бог и неговото создавање, а целта е да се покаеш за своите гревови и да се очистиш од вината, а не да се ослободиме од непрекидниот круг на раѓања и умирања (реинкарнација). И самиот религиозен живот повеѓе се карактеризира со молитви, проповеди и проучувања на Светите списи – отколку со медитација (внурнување во себе за да се постигне Nirvana – просветлување, што потекнува од зборот nibbana кој буквално би значел догорување, згаснување).зΩвње). |